18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватска затрупана во снег

Голем дел од Хрватска во изминатото деноноќие беше покриена со снежна прекривка, која го отежнуваше сообраќајот во Лика, Горски Котар, северозападна и средна Хрватска, Славонија и дел од Далмација.

На некои места има 3 метри снег, а температурите се спуштија до -20 степени.

Поради снегот се затворени училишта. Министерот за одбрана донел одлука војската да им помогне на локалните жители во расчистување на штетата од снегот.

На патиштата има и по метар и пол снег.Заради ниските температури можна е голомразица на сообраќајниците, особено на мостовите и на надвозниците.

Возачите се предупредуваат да не тргнуваат на пат без зимска опрема, а ако е можно да го одложат патувањето.

Орканската бура превртуваше камиони во Приморје, а во Делнице и во Брод нема настава во училиштата.Проблемите не го заобиколија железничкиот сообраќај, па возот што во средата тргна во 21.43 од Сплит кон Загреб, сѐ уште не беше стигнал на одредницата.