20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Продавач нападнат со нож зошто одбил да даде цигари без пари

Триесет и шестгодишен кочанчанец во тобако бил прободен со нож затоа што на напаѓачот не му дал цигари без пари.

Како што информираат од МВР, насилникот рано утрово дошол во тобако лоцирано на улицата „ВМРО“ во Кочани и од вработениот Д.П. (36) побарал да му даде цигари без да плати, но откако бил одбиен, тој со нож го нападнал продавачот и му нанел убодна рана во пределот на ногата.

Вработениот од страна на униформирани полициски службеници бил пренесен во болницата во Кочани каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Набрзо напаѓачот С.Ф. бил лишен од слобода и одонесен во полициската станица во Кочани. На него ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „убиство во обид“.