17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Касами реизбран за претседател на Беса

Биљал Касами е избран за претседател на Движењето Беса. Со поддршка од 60 делегати за кандидатура и 455 за претседател, Касами ја доби довербата за уште еден мандат на партиското крило кое што го поддржува. Коментираше ги последните превирања во партијата, која што се раздели на две крила, Касами рече дека станува збор за игри и тенденции за раскол во партијата. Според него, крилото кое веќе и јавно е против него, има за цел да ја разори Беса, а не да ги победи политичките противници.

„Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот“, рече Касами.

Запрашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами истакна дека нивната позиција зависи од ставот на Владата. „Моментално сме дел од опозицијата и ќе продолжиме да го артикулираме гласот на опозицијата. Ако имаме понуда да бидеме дел од владата, секако дека ќе дискутираме“, рече Касами. Тој смета дека фракциите во Беса нема да влијаат во парламентарната група се додека некој од пратеници не го декларира спротивното.

Касами во моментов има поддршка од двајца пратеници, Фадил Зендели и Теута Биљали, додека другото крило ја има поддршката на Неџбедин Кахремани, Реџеп Мемеди и Африм Гаши. Гаши на Конгресот на 18 февруари беше избран за лидер на другото крило во Беса.