14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Алегри очекува два тешки средби со Аталанта

(МИА) – Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, очекува тешка борба со тимот на Аталанта. Шампионот утревечер ја пречекува Аталанта и ќе брка победа за да изврши притисок врз лидерот Наполи.

– Ќе играме со силен противник. Секогаш треба да се стремиме да напредуваме. Тие ќе се обидат да не изненадат. Во средата, ќе играме и за да утврдиме кој ќе игра во финалето на Купот на Италија. Тешко е да се игра со Аталанта, бидејќи тие се тим со добри физички карактеристики. Треба да одиме мудро до крајот, изјави Алегри.

Јувентус е втор на табелата во Серија А и води неизвесна трка за Скудетото со Наполи кој по 25 рунди му бега само еден бод.

Аталанта е во обид да избори место кое обезбедува пласман во Лига Европа.

Спонзорирано: