10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

ЗОИ 2018: Шведска триумфираше во штафета во бијатлон

2018 (МИА) – Шведските бијатлонци го освоија златниот медал во штафета на четири по седум ипол километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Швеѓаните во состав Пепе Фемлинг, Јеспер Нелин, Себастијан Самјуелсон и Фредерик Линдстрем победија со време од еден час, петнаесет минути, шеснаесет секунди и пет стотинки.

Норважните со заостанување од 55,5 секунди се најдоа на второто место, додека Германија ја освои бронзата со две минути заостанување од победниците.

Спонзорирано: