14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

ЗОИ 2018: Келд Нојс стигна до второ злато

(МИА) – Холандскиот лизгач Келд Нојс го освои вториот златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако триумфираше на трката на 1.500 метри.

Претходно тој беше најбрз и на трката на илјада метри.

Холандскиот олимпиец победи со време од една минута, седум секунди и 95 стотинки.

Среброто го освои Ховард Лоренцен од Норвешка, а трет беше Ким Тае-јун од Јужна Кореја.

Нојс на овој начин ги обедини титулите светски и олимписки шампион во двете дисциплини.

Спонзорирано: