14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

ЗОИ 2018: Германија ја совлада Канада за финале против Русија

(МИА) – Хокеарската репрезентација на Германија се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг откако ја совлада фаворизираната Канада со 4:3.

Германците, кои направија изненадување со победата во полуфиналето, уште од почетокот на натпреварот ја имаа иницијативата и по две третини постигнаа високо водство од 4:1.

Канаѓаните се обидоа да се вратат, но Германија успеа да ја зачува стекнатата предност.

Германците, кои ќе играат првпат за злато на Олимписки игри, во финалето ќе се соочат со Русија, која ја совлада Чешка со 3:0.

Спонзорирано: