21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За време на масакрот на Флорида, училишниот полицаец си стоел во дворот

Шерифот Скот Израел изјави дека вооружениот школски полицаец во гимназијата во Флорида не реагирал за време на нападот во кој загинаа 17 ученици во тоа училиште.

Израел соопшти дека вооружениот полицаец во текот на нападот стоел пред училиштето и не влегол внатре во зградата, пренесува Би-би-си. Според неговите зборови, полицаецот најпрво бил суспендиран, а потоа самиот си дал отказ.

„Се кае поради тоа, но не влегол во зградата“, изјави локалниот шериф. На новинарско прашање што требало да направи полицискиот службеник, тој рекол: „Требаше да влезе, да се соочи со напаѓачот и да го убие“.

Седумнаесет лица беа убиени во гимназијата во Флорида во нападот на 19-годишен поранешен ученик во тоа училиште. Осомничениот Николас Круз на социјалните мрежи претходно објавувал пораки со многу „вознемирувачки содржини“. Круз го извршил нападот со полуавтоматска пушка АR-15.

Нападот се случи на крајот од наставата во средното училиште 2Маргори Стоунмен Даглас“ во Паркленд, на источниот брег на Флорида. Училиштето има околу 2.000 студенти.

Спонзорирано: