14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата не е целосна сѐ додека не бидат ослободени од затвор сите неправедно приведени патриоти

Уривањето на спомениците говори за неспособноста на СДСМ да срабоиi некој проект и да изгради нешто полезно за граѓаните, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Уривањето на спомениците повеќе говори за талибанскиот, деструктивен менталитет на власта отколку што помага да се прикријат срамните одлуки само дел од неправедно приведените да бидат ослободени од притвор, а да продолжи изживувањето со другите“, стои во партиското соопштение.

Оттаму истакнуваат дека правдата не е целосна сѐ додека не бидат ослободени од затвор сите неправедно приведени патриоти и додека не бидат укинати и срамните мерки за домашен притвор.

„Патриотите се притворени без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка. Тие ниту сториле терористички акт, ниту може да повторат нешто што не сториле. Тие ниту избегале, ниту имаат намера да избегаат од земјава затоа што немаат причина и затоа што нивната љубов кон Македонија е бескрајна. Тие ниту имале, ниту имаат причина да влијаат на фабрикуваната и неоснована истрага“, велат од опозициската партија.

Воедно истакнуваат дека за пет дена истекува и третиот месец како се во притвор патриотите, а судот дури сега ги повикува за да одлучи по нивните жалби за второто триесетдневно продолжување на притворот.

„Ова е класична тортура и газење на основните човекови права. Ова е неправда. Обвиненијата за тероризам треба да бидат отфрлени во целост и конечно да се прекине оваа фарса што ја спроведуваат правосудните органи. Судот треба да се води од сопственото начело и итно без одлагање да ги ослободи и другите притворени зашто апсолутно нема никаква правна логика да бидат држени во притвор и другите обвинети по повод настаните од 27 април“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека правосудството треба да се ослободи од притисокот на СДСМ и на тој начин да го зачува интегритетот и угледот на институциите со цел да се спроведат законите во Република Македонија.