8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Терористичкиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека партијата е заглавена во минатото

ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во ретроградните политики, заврши времето на самоволно и незаконско дејствување, велат денеска од владејачката СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното застанување зад ретроградните политики на Никола Груевски што беа силно поразени од граѓаните, како и терористичкиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ во овој период покажува дека опозициската партија останува заглавена во сопственото темно минато“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека таканаречениот споменик што бил поставен насилно и незаконски, останува да биде паметник на насилното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Различните фрустрации на луѓето во врвот на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години се истураа врз грбот на граѓаните и врз интересите на државата. Тоа време заврши, граѓаните го поразија заедно со прогресивните демократски сили. Следува одговорност за целокупното зло нанесено врз граѓаните и државата, согласно со законските процедури, за никогаш да не се повтори“, стои во соопштението.