18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грција ја поддржa кандидатурата на Македонија за Јадранско-јонската иницијатива

Грција ја поддржа кандидатурата на Македонија за членство во европската стратегија за Јадранско – јонскиот Регион, го извести во писмото еврокомесарот Хан, заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос.

Учеството на Македонија во иницијативата беше најавена и по последната средба на премиерите Заев и Ципрас во Давос, Швајцарија. Во Јадранско-јонската иницијатива учествуваат Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, кои соработуваат во областите на растот во морските и поморските сектори, поврзувањето, односно транспорт и енергетика, животна средина и туризам.

Грчката поддршка за македонската кандидатура во Јадранско–јонската иницијатива, беше договорена и соопштена на средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, како една од двете отстапки што ќе ги направи официјална Атина.

Спонзорирано: