12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата испитува сомнителен пакет испратен до принцот Хари и неговата свршеница

Полицијата во Лондон соопшти дека испитува сомнителен пакет што бил испратен до принцот Хари и неговата свршеница, Меган Маркл.

Полициските сили велат дека пакетот со супстанции на 12 февруари бил испорачан во палатата „Сент Џејмс“, каде што принцот Хари има канцеларија, но супстанцијата била тестирана и било потврдено дека не е штетна. Според наводите од полицијата, детективите испитуваат дали имало злонамерна комуникација.

Имено, некои од британските медиуми пренесоа дека во пакетот, наводно, имало и расистичка порака. Принцот Хари и Меган закажаа свадба на 19 мај годинава во замокот Виндзор.

Спонзорирано: