19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Левандовски го смени агентот, се подготвува заминување од Баерн Минхен

(МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја прекина соработката со својот досегашен агент Чезаре Кухарски, кој се грижеше за неговата кариера изминативе десет години.

Најдобриот стрелец во Бундес лигата за нов агент го ангажираше Пини Захави.

Ваквиот чекор на Полјакот се толкува во насока на неговото заминување од „Алијанц арена“, откако освои бројни трофеи во дресот на Баерн Минхен.

За Левандовски долго време се пишуваше дека сака да настапува за Реал Мадрид.

Пред летните трансфери не треба да се исклучат ниту Челзи и Манчестер јунајтед, со кои неговиот нов агент има добри врски.

Спонзорирано: