16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе фрчат смени во Владата – Заев најавува промени на функционери

Премиерот Зоран Заев во интервју за Призма се изјасни и за слабостите на дел од новоизбраните функционери, критикувани во јавноста.

„Се раководев од критериуми и услови да им ја дадам довербата на луѓе во кои стартно верував.

Можете да ги погодите комплетно, да погодите дел од нив или да промашите дел од нив.

Добро е што тоа е на увид на јавноста, и што се дебатира“, се согласува Заев.

 Одговара и на забелешките дека отсуствува енергична реакција со која јасно ќе се обзнани нулта толеранција за неодговорно и коруптивно однесување.

Вели дека по тоа прашање нема дилема.

„Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција.

Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата.

Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото…

Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат.

Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат.

Има дел кои знаат и се трудат.

Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат.

Рекапитуларот ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме.

Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати.

Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција.

Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари…“, најавува премиерот.

Но, кадровските промени не се доволни, а засега нема информација до каде е предистражната постапка на ОЈО за „двајца пријавени функционери од власта“, кои пред неколку месеци тој ги спомна во контекст на битката против корупцијата.

„Истрагата е работа на обвинителството.

Се што доаѓа како индиција, наша должност е да го процесуираме до истражните органи“, вели премиерот.

Лично тој поднел две-три пријави, а некои институции – и други.

„Кај мене стигнаа некои укажувања.

Кога ги соопштив како пример, тогаш беа два случаја.

Но, јас не треба да судам.

Се што било испратено до мене, сум го испратил до Обвинителството, но запознавајќи го за тоа и раководното лице – директор или министер, кој е надлежен на пријавеното лице.

Без разлика како ќе заврши истрагата, за мене и тие индиции се доволни дека тие лица не треба да го продолжат мандатот.

И по актуелните конкурси верувам дека сите што беа в.д. нема 100 % да останат на истите позиции“, категоречен е Заев.