14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јовановски: Само талибанците уриваа споменици

„Само талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век, ја осуди целиот цивилизиран свет. Истото што го правеа талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ. СДСМ кукавички во раните утрински часови реши да го задоволува својот апетит за деструкција“, изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, СДСМ не може да поднесе да гледа ништо што е изградено, создадено и што претставува паметник за македонската историја. Не им дава мир, а истовремено многу ги боли бидејќи тие самите се неспособни за ништо креативно.

„СДСМ денес манифестираа длабока фрустрација и гнев кон никој друг, освен кон Македонија и кон македонската историја и македонската култура. СДСМ работи за рушење на македонскиот национален дух, имаме историја што се продава, неуставен закон за јазици, преминувани аеродром и автопат за што нашата татковина Македонија не доби ништо, споменици на херои што се руштат. СДСМ во тајност, далеку од очите на јавноста, во текот на ноќта го сруши споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето. Надвор од умот и од цивилизираното однесување, надвор од законот, вандалите испратија механизација за да почнат со уривање за да ги покријат неспособноста и неработењето во овие 9 месеци откако се на власт“, изјави Јовановски.

Според него, споменикот на Ќосето не е дивоградба бидејќи Советот на Град Скопје во согласност со законот со Бандинтерово мнозинство има донесено одлука за негово поставување. Општина Центар има доделено и маркичка врз основа на детаљниот урбанистички план. „Тоа се фактите, а тоа што го направи СДСМ е вандалски чин за кој се одговара. Во Македонија од илјадници дивоградби, вандалите одлучија да почнат да уриваат споменици што се поставени во согласност со законот. За ова, почитувани мои, се одговара и морално, а се одговара и правно! За ова ќе има и мора да има кривична одговорност. Шилегов вели дека нема пари за нови проекти, но пари за уривање има. Рушењето на споменикот е резултат на гневот на СДСМ кон генерациите Македонци што останале доследни на идејата за македонската државност. ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе се врати, ќе ги исправи сите штети што ги предизвикува оваа вандалска власт“, истакна Јовановски.

Спонзорирано: