17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Серена Вилијамс: Можев да умрам по породувањето

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс, открила дека поради компликации по породувањето можела да умре.

Серена на 1 септември минатата година ја роди ќерката Олимпија, а во интервју за Си-ен-ен рекла дека можел да умре доколку лекарите не реагирале навреме.

„Порудувањето мина добро, бев пресреќна што го држам детето в раце, но наредните шест дена беа вистински кошмар. Белодробна емболија предизвика многу компликации. Поради силните напади на кашлање ми пукнаа конците на царскиот рез. Лежев на масата за операции кога лекарите најдоа огромен хематом во мојот стомак. Тромбот можеше да отиде во белите дробови во кој било момент“, рекла Серена Вилијамс.

Во интервјуто таа им се заблагодарува на докторите кои ѝ го спасиле животот.

„Благодарна сум што бев под надзор на тим неверојатни лекари и медицински сестри во болница со најмодерна опрема. Точно знаеја како да се справат со сите проблеми и компликации. Да не беа толку професионални, сега немаше да бидам тука“, истакната 36-годишната Американка.

Спонзорирано: