14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги провери фактите, институциите постапуваат по случајот во Домот „25 Мај“

ВМРО-ДПМНЕ целосно се загуби во своите политики на манипулации и лажни вести, па веќе не знае ниту што зборува, ниту што прави со што уште еднаш докажа дека опозициската партија го има загубено својот политички курс, реагира СДСМ на барањата од ВМРО-ДПМНЕ за оставка на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Наместо да шират лажни вести и да се обидуваат да профитираат на лични трагедии, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги провери фактите коишто покажуваат дека институциите постапуваат кон целосно расчистување на случајот со малолетната жртва. Како што целокупната јавност е информирана, надлежните институции ги преземаат сите расположливи мерки за расчистување на овој случај, утврдување лична и институционална одговорност, како и мерки за идна превенција. Како што информираше Министерството за труд и социјална политика, освен работата на Центарот за социјална работа на Град Скопје, се испитува и работата на Заводот за згрижување на деца со вопитно – социјални проблеми и нарушено поведение, истовремено се подготвуваат кривични и прекршочни пријави против одгворните лица, а сите сознанија се доставуваат и до Основното јавно обвинителство“, велат од СДСМ.

За жал, велат од таму, овој случај е директна последица од децениското партизирање и уништување на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога државните институции наместо со професионалци беа преплавени со неспособни кадри, партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: