8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Најчудните работи што светските патници ги прават за да заштедат пари

Во изборот на дестинација за патување најчесто ни пречат не многу високите буџети со кои располагаме, што влијае и врз многу други одлуки кога станува збор за патувањата.

Неодамна корисниците на платформата „Редит“ ги споделиле најчудните и најглупави работи што ги направиле за да избегнат плаќање за време на патување. Иако коментарите опфаќаат широк спектар на искуства, сепак има многу корисни трикови кои може да им олеснат на оние со ограничен буџет.

„Минување на ноќта на автобуска или железничка станица наместо во хостел“, гласи еден од коментарите.

За оние што имаат повратен лет во раните утрински часови, препорачливо е ноќта пред тоа да се сместат на столче на аеродромот за да избегнат плаќање за ноќевањe за само неколку часа.

Некои корисници од свое искуство ја предложиле можноста да се облечат неколку парчиња облека едно врз друго, само за да се избегне плаќање за вишок багаж на аеродром.

Патниците што штедат за време на патување, обично штедат на храна. Многумина навеле дека на плажите во Тајланд собирале кокоси за да не мора да купат храна. Други склучувале пријателства со локалните жители за да јадат во нивните домови или, пак, преживувале хранејќи се исклучиво со ориз и грав од кујната на хотелот.

Некои од нив штеделе на транспорт низ градот, па често како опција избирале долго пешачење.

„Минав 20 километри за да заштедам 5,5 евра“, напишал еден од корисниците.

Спонзорирано: