17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ организира втора научна трибина „Употребата на канабисот во медицински цели во Република Македонија“. Оваа трибина за разлика од првата, како што посочуваат од Здружението, е од медицински карактер. Предавачи ќе бидат проф. д-р Арбен Таравари, ексминистерот за здравство и специјалист невролог, доц. д-р Аспазија Софијанова, специјалист педијатар и професорка на Медицинскиот факултет, д-р спец. Нико Беќаровски, специјалист токсиколог, д-р Дарко Костовски, специјалист психијатар во ГОБ „8 Септември“, ас. д-р Филип Гучев, специјалист ревматолог, и д-р Игор Стојковски, специјалист онколог.

Трибината ќе се одржи на 7 март 2018 година во киното „Култура“ од 13 до 15.30 часот. Лани во организација на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ – Скопје и Здружението на младите кривичари се одржа научна расправа на тема „Легализација на канабисот, да или не?“

Пред многубројната публика на стручната расправа излагање имаа адвокати, судии, професори и обвинители, кои говорејќи за легализацијата на канабисот од правен аспект, заклучија дека за прашањето за легализација на канабисот мора да се следат современите трендови и во таа насока да се отвори сериозна јавна дебата за усогласување на законодавството со либералните концепти за легализацијата на канабисот.