27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Србија е подготвена за компромис со Косово, но потребни се две страни

Србија е подготвена за компромисно решение, но за компромис се потребни две страни, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со американскиот сенатор Рон Џонсон.

Американскиот сенатор ги повика сите нации во регионот да се свртат кон иднината.

Српскиот лидер појасни дека не е компромис ако едната страна е апсолутно задоволена, а другата не. Тој уште еднаш го повтори ставот дека Белград е отворен за разговор.

Српските медиуми пренесуваат дека Џонсон го уверил Вучиќ оти САД сакаaт целосна стабилност и апсолутен мир во регионот и дека за нив тоа е приоритет.