17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата се фали со инвестициите што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, обвинува опозицијата

Владата на СДСМ доживува фијаско во поглед на странските инвестиции. Не само што нема прилив на нови туку има и одлив на инвестиции, што констатира и Државниот завод за ревизија, а НБРМ констатира пат на странските директни инвестиции 5 пати помалку во споредба со 2016 година, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Владата.

Инвестицијата на ВИК е донесена во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од 2 години се работеше на овој проект на германската компанија, а преговорите ги водеше поранешниот министер Бил Павлевски, со поддршка на поранешниот директор на Агенцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

На самиот почеток тие ја разгледуваа понудата на Украина, Романија и на Србија, но интензивните контакти и залагањата што беа во изминатиот неколкугодишен период, како и пакет-поволностите што се понудија од владата на ВМРО-ДПМНЕ, вродија со плод и започна градбата во јуни минатата година. Нови инвестиции нема, а Владата се фали со оние од ВМРО-ДПМНЕ.

На Македонија ѝ требаат нови инвестиции, Владата да престане да ги потценува граѓаните мислеjќи дека имаат кратко помнење“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Спонзорирано: