5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите – сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин

На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон, информираат од АМСМ.

На самото место се екипите на ЈП Македонија пат кои работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Инаку Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските премини Ѓавато и Пресека.

Во Крушево врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ:

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.

Спонзорирано: