8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Села: Зад настаните во Собранието стојат политичари и политички партии

Претседателот на „Алијансата за Албанците“ денеска пред судот обвини дека зад настаните што се случија во Собранието стојат политичари и политички партии.

„За да не ни се повтори вакво нешто, судот би требало да ги казни учесниците. Мислам дека зад целата оваа работа стои добро организирана шема од страна на одредени политичари и политички партии“, рече Села. Додаде дека денеска во судницата ги препознал напаѓачите.