17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Центар Жупа и Маврово и Ростуше заедно по инвестици на иселениците во Турција

(МИА) – Локалните власти на општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше договорија зеднички активности за привлекување инвестиции на иселениците од овој крај, кои живеат во Република Турција.

Ова, како што изјави за МИА Фехми Скендер,претседател на Советот на општина Центар Жупа, е договорено на средбата со градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртоски.

– На средбата најпрво се заложивме за продолжување и унапредување на и така добрата соработка меѓу двете општини во повеќе области. Посебен акцент ставивме на искористувањето на големите природни богатства и убавини со кои располагаат двете општини,а кои се здрава основа за економско заживување,пред се со првлекување инвестиции, посебно на нашите исселеници во Турција, вели Скендер.

Посочува дека од двете општини во Република Турција живеат многу поранешни жителите од Жупа и Река, а добар дел од нив имаат свои бизниси.

– Љубовта кон родниот крај ја имаат всадено и во душата на помладите генерации,кои доаѓаат во посета и постои подготвеност да инвестираат овдека кај нас,посебно за отворање мали бизниси, нагласи Скендер.

Инаку, двете општни веќе имаат воспоставено добра соработка со повеќе општини во Турција, а со дел од нив се и збратимени.