Според последните информации од АМСМ, сообраќајот на патниот правец Катланово-Велес кај селото Сопот, поради поголем одрон, од 19.30 часот се одвива по една коловозна лента.
На самото место се екипите на ЈП „Македонијапат“ и сообраќајната полиција. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. На учесниците им се препорачува крајно внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.