17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Обука за тренери за развој на млади лидери преку спорт во Крива Паланка

(МИА) – Спортските работници и тренери од кошаркарскиот, пингпонгарскиот и карате клубот од Крива Паланка денеска беа дел од обуката за тренери, кој се одржа во локалната установа Градски музеј во Крива Паланка.

Обуката под слоганот „Добра форма, добар пример, добри резултати“ ја одржа волонтерот на Мировен корпус Кајл Бутчер, а е дел од проектот „Тим Крива Паланка“, кој здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ под мотото „Оджливоста е избор“. го имплементира во соработка со спортските клубови од Крива Паланка, финансиран од Мировен Корпс на САД во РМ.

 

– Тренерите работеа на тема динамично загревање, разменувајќи идеи за разновидни, комбинирани и едноставни вежби за реализација на динамично воведување на спортистите во тренинг. Истовремено, ги споделивме искуствата од разни видови досегашни реализирани активности, во насока на подобрување на спортскиот тренажен процес. Со опремата обезбедена во рамки на проектот ќе се прават и вежби за агилност, координација и рамнотежа, како и флексибилност, кои денеска беа претставени на тренингот за тренери, изјави кајл Бутчер, координатор на проектот.

 

Бутчер информира и дека досега со сите спортисти од трите клубови, направени се мерења на нивните спортски перформанси со цел утврдување на постигнатите резултати во текот на проектот.

 

Проектот претставува иницијатива за јавно здравје за младите луѓе преку примена на ефективни и ефикасни вонучилишни програми за млади.

 

Во активностите ќе бидат вклучени околу двесте млади девојчиња и момчиња спортисти од трите спортски клубови Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, Карате клуб „Шампион“ и Пингопонгарски клуб „Крива Паланка“, а истите ќе минат низ шестмесечна спортска програма и тренинг-кампови со цел ​развој на здрави и активни граѓани и лидери на заедницата-подготвени да ја развијат својата заедница преку искористување и развивање на локални ресурси.

 

– Истовремено, целта на проектот е и подобрување на физичкото здравје на спортските учесници за 50 отсто преку мерливи тестови и следење на мобилноста на колкот, флексибилноста, стабилноста и силата во рамките на периодот на имплементација, истакна  Бутчер.

Спонзорирано: