17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова промена на времето – метеоролозите најавуваат невреме во Македонија

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава.

Денеска во овие делови локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер долж Повардарието и во источните подрачја.