7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Случајот со малолетната жртва целосно ќе се расчисти

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да злоупотребува лични и човечки трагедии иако целата јавност сведочи дека случајот со малолетната жртва целосно се расчистува и се преземаат мерки за превенција за никогаш повеќе да не се повторат вакви случаи, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да профитира на човечки судбини, а потоа да повикува на одговорност кога таа беше и останува непозната категорија за опозициската партија.

„За жал, овој случај ги покажува недостатоците на системот на социјална заштита што со години беше уништуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ и потребите од промени во општеството. Затоа, како што најави, Министерството за труд и социјална политика, заедно со надлежните институции, започнува сериозно да работи на трансформација на домовите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови, со што ќе се обезбеди подобра заштита и значително ќе се намали ризикот за повторна појава на ваков или сличен случај“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: