10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров им порача на САД да не си играат со оган во Сирија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги повика САД да не си играат со оган во Сирија и да прават одмерени чекори во однос на сирискиот народ и на регионот во целина.

Лавров ова го изјавил на отворањето на конференција со назив „Русија на Блискиот Исток: Играње на сите полиња“.

„Јас уште еднаш ги повикувам нашите американски колеги да не си играат со оган и да прават одмерени чекори, не според непосредните потреби во политичкото опкружување, туку врз основа на долгорочните интереси на сирискиот народ и сите народи од регионот, вклучувајќи ги и Курдите“, рече Лавров.

Лавров денеска ги отфрли извештаите за стотици Руси наводно убиени на боиштата во Сирија, нарекувајќи ги обични шпекулации.

„Тоа што го читаме за стотици, па дури и илјадници убиени руски платеници претставува обид да се шпекулира во врска со војната во Сирија, која, за жал, продолжува и понатаму“, рече Лавров.

„Ројтерс“ минатата недела пренесе дека од три добро информирани извори има информации дека околу 300 луѓе кои работоат за руска приватна воена фирма поврзана со Кремљ се или убиени или ранети во конфликти кои месецов се случиле во Сирија.

Спонзорирано: