17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја оставил дечкото, скокнала од 14-ти кат, преживеала и се избодела до смрт

Една девојка од Русија преживеала скок од 14-ти кат, а потоа се вратила дома и со нож се избодела до смрт.

Диана Бестузхева сонувала за тоа да стане актерка откако дипломирала на престижно драмско училиште во Москва.

Меѓутоа, девојката која има 17 години станала депресивна откако ја оставил дечкото. Пред да скокне од 14-ти кат, оставила проштално писмо.

Шокиран сведок подоцна изјавил: „Видеов некој како скока од прозор. Падна на земја, стана на нозе, се исчисти малку од снегот и се врати во зградата“.

Откако преживеала чудесен пад од 45 метри влегла во кујна и се избодела со нож до смрт. Додека итната помош стигнала, девојката починала.

Нејзините професори изјавиле дека била многу позрела од останатите ученици, како и дека била една од најталентираните во драмското училиште.