8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ќе се вградуваат семафори во плочниците за оние кои не го креваат погледот од мобилните телефони

Во холанскиот град Бодегравен на плочник е поставена светлосна сигнализација дизајнирана посебно за корисниците на мобилни телефони, со цел безбедно да ја преминат улицата.

ЛЕД лентите се вградени во самите плочници на пешачки премини во близина на неколку училишта.

Градските власти се надеваат дека ЛЕД лентите ќе помогнат во зголемување на безбедноста на пешаците кои често не го креваат погледот од своите мобилни телефони како би го провериле семафорот.

„Социјалните мрежи, видео игрите… сe тоа го одвлекува вниманието во сообраќајот“, вели Кес Оскам од градската управа.

„Можеби не можеме да го промениме тој тренд, но можеме да придонесеме за безбедноста на корисниците на мобилни телефони“.