9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат кривични за градоначалници – познат функционер заработи кривична пријава

Полицијата од Велес поднесе кривична пријава против С.Л. (53) и Д.М.(46), двајцата од Росоман и Б.Ј.Ј.(35) од Скопје за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите од МВР, во текот на минатата година 53-годишниот С.Л. како градоначалник на општина Росоман, прифатил и исплатил фактура од компанијата „Агропласт РОС“ за изградба на потпорни ѕидови на трасата на локалниот пат од село Сирково до село Росоман и покрај тоа што знаел дека градежните работи кои се во опис на градежната докумeнтација воопшто не биле изведени од страна на изведувачот.

Второпријавениот Д.М., како одговорно лице во „Агропласт РОС“, иако не ги извел работите наведени во описот на градежната документација, издал фактура за наплата за изградба на потпорните ѕидови во вредност од 574.636 денари.

Третопријавената Б.Ј.Ј.(35) како одговорно лице во МБМ „Архитекти“ ДООЕЛ Скопје, при стручен технички надзор на горенаведената активност, ја потврдила изведбата на описот на работите во градежната книга и градежниот дневник, и изготвила извештај за работите што воопшто не биле изведени од страна на второпријавениот.

На овој начин, пријавените го оштетиле буџетот на општина Росоман за 574.636 денари.

Спонзорирано: