21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ОЈО изврши увид на местото на пожарот, во кој загина едно лице

Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на местото на пожарот во село Песочан.

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид го заврши увидот на местото каде што синоќа избувна пожар во кој животот го загуби едно лице. По наредба на јавниот обвинител, на увидот присуствуваше и вешто лице од областа на електротехника кој ќе треба да изврши вештачење на околностите за настанатиот пожар“, соопшти Јавното обвинителство.

Идентитетот на починaтиот ќе се утврдува преку анализа на ДНК, како и преку наредена обдукција. Според првичните сознанија, станува збор за 82-годишен жител на село Песочан, општина Дебарца, кој живеел сам во станбениот објект.​