8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Филмот „Честа на офицерот“ в среда во Кинотека

Францускиот филм „Честа на офицерот“ од 1977 година в среда во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија.

Актерот, којшто почина на 9 октомври 2017 година, е еден од најмаркантните ликови во фрацуската кинематографија, а за оваа улога беше награден со Цезар за најдобра машка улога.

Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура при Амбасадата на Франција, на отворањето на вечерта ќе направи омаж на Рошфор, преку куса презентација на богатата кариера на актерот, по што следи проекцијата на оваа драма на Пјер Шендорфер.

Филмот е со превод на македонски јазик.