23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Османи-Тимоние: Франција со интерес ги следи клучните моменти за европската перспектива на Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, по повод потпишувањето на писмото со кое техничкиот експерт од Република Фрнација, Франсоа Лафонд, и формално стана дел од тимот на Секретаријатот за европски прашања.

Како што информираат од кабинетот на Османи, тој се заблагодарил на искрената поддршка од страна на Франција за Република Македонија, потенцирајќи ја улогата на Франција како многу важна земја членка на Унијата, во зацврстувањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.

„Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот“, рекол Османи на средбата.

Вицепремиерот се осврнал и на новите потенцијали согласно со пораките содржани во новата Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година притоа потенцирајќи дека истата претставува една од најважните инцијативи на Европската комисија за овој регион.