16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Дибиров во тимот на колото во ЛШ

(МИА) – Рускиот репрезентативец во редовите на еврпскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, се најде во тимот на колото по победата од 34:30 во рамките на 12.коло во Лигата на шампионите. Крилото го одигра најдобриот меч сезонава, откако постигна 11 гола со само едно промашување.

 

Покрај Дибиров во изборот на ЕХФ се најде и уште еден играч на Вардар. Пивотот Мијајло Марсениќ го постигна еден од најубавите голови во ова коло.

 

Идеалниот тим на 12. коло од ЛШ:

 

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона)

Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Пивот: Игор Аниќ (Целје)

Голман: Родриго Коралес (ПСЖ).

Спонзорирано: