17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Талат Џафери и во Приштина ја слави независноста на Косово

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска замина за Косово, каде присуствуваше на активностите по повод одбележувањето на десетгодишнината од независноста.

И вчера, Џафери беше дел од свечената академија за независноста на Косово, што ја организираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека на Свечената академија што се одржала во општина Сухарека, Џафери бил прогласен за „Почесен граѓанин“ на општината, а потоа, посетата продолжила во Приштина, во Собранието на Република Косово каде што била одржана Свечена седница по повод Десетгодишнината од независноста. Во продолжение Џафери ја проследил парадата на Безбедносните сили на Косово и Полицијата на Косово заедно со сите други присутни гости.

„Одбележувањето на Десетгодишнината продолжи со државен прием и коктел приреден од страна на Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи“, информираат од Кабинетот на Џафери.