19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас: Се обеси 9- годишно дете во Обреновац

Деветгодишно дете, доцна синоќа е пронајдено мртво во шупата во семејната куќа на  своите баба и дедо во населбата Скела кај Обреновац.

Спрема првичните информации, детето е пронајдено обесено, а се претпоставува дека се работи за самоубиство.

Телото на момчето е најдено некаде околу полноќ, а смртта настапила нешто порано.

Според српските медиуми, детето живеело со баба и дедо, а неговиот татко бил починат а мајката се премажила за друг.

Момчето последни го виделе бабата и дедото, им кажало дека ќе оди кај другарче да си игра.

Телото е предадено на обдукција а увидот е сеуште во тек.