7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Три хороскопски знаци кои се поубави од останатите

Хороскопот во многу работи ги одредува луѓето, а ако може да му се верува на оваа анализа, три хороскопски знаци по убавина ги засенуваат другите.

Вага

Вагите се едни од најубавите знаци, а таа титула ја носат благодарение на беспрекорната елеганција. Тие имаат посебно убаво држење, а добри се и во кокетирање.

Што се однесува на физичките карактеристики, припадниците на овој знак имаат симетрично лице, полни усни, изразени очи, но и дупчиња на образите кои се многу привлечни.

Скорпија

Скорпиите спаѓаат во најголеми заводници во хороскопот. Тоа не е изненадувачки податок со оглед на тоа што се страствени и убави.

Препознатливи се по нагласените црти на лицето и крупните очи кои често имаат необична боја.

Јарец

Жените во овој знак обично имаат одлична, секси фигура. Интересно е дека изгледот воглавно им е просечен, но очите и насмевката се нивните најголеми адути. Припадничките на овој знак сакаат да се шминкаат, а важен им е и модниот стил.