24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се пренасочува сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради снимање на филм

Од 07:00 часот утринава, поради снимање на филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип, на 4 километри се пренасочува десно, кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa без забрани, застои и ограничувања по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: