6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кирацовски за Прочка: Преку меѓусебно помирување и почитување градиме едно општество за сите

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Александар Кирацовски, во чест на празникот Велики поклади – Прочка, упати честитка до граѓаните кои го чествуваат христијанскиот празник, како и до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

„Ви го честитам денешниот празник со желба за добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден. Пораката што ја праќа денешниот празничен ден нè води кон патот на нашето индивидуално и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на едно општество на еднакви граѓани, концепт што носи добро за сите. Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено“, вели Кирацовски во честитката.

Спонзорирано: