14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за девојчето од Домот „25 Мај“

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува случајот на сексуална злоупотреба на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај”. Јавната установа и вработените во неа наместо да се грижат за малолетниците кои се под заштита на установата, дозволила да се случи еден ваков грозоморен настан на малолетно девојче, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Спореа неа, одговорност и транспарентност во однос на овој случај мора да има со цел да се спречи во иднина повторување на вакви или слични немили настани. Министерството за труди и социјална политика и министерката Царовска мораат да преземат одговорност за случајот бидејќи оваа јавна установа е под нивна надлежност.

„На јавноста најпрво мора да ѝ биде соопштено кои се лица во структурите на установата и Министерството кои дале дозвола децата заедно со малтретираното девојче да бидат однесени на таканаречен ‘детски летен камп’ каде што девојчето било сексуално злоупотребено. За трагедијата да биде уште поголема штитеничката го пријавила малтретирањето кај згружувачите, но никој не ѝ поверувал, само откако се констатирало дека 13-годишното девојче е бремено и за овој настан разбра јавноста, се прави слика дека се работи на разрешување на случајот. Најстрашно е што не се знае дали е овој единствен случај што поминал незабележан од надлежните институции и дали доколку девојчето не забременило за овој грозморен настан никогаш немало да се дознае“, изјави Андоновска.

Според Законот за социјална заштита, МТСП врши надзор над спроведување на законот и врши инспекциски надзор над установите за социјална заштита и одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Оставка на министерката и директорката во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај” е нешто најмалку што може да сторат во овој момент, додаде Андоновска.