15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Федерацијата на планински спортови му ја одзеде лиценцата на водичот по трагедијата на Кајмакчалан

Федерацијата на планински спортови му ја одзеде лиценцата на водичот Зоран Костадиновски од планинаркото друштво „Трансверзалец“ по трагедијата што се случи на Кајмакчалан, каде што животот го загубија двајцата млади планинари, Калина Велевска и Александар Миновски. Планинарското друштво кое постои веќе 20 години до 21 март не ќе може да организира планинарски тури на височина над 2.000 метри. Ваквата одлука е донесена по разгледувањето на извештајот што се случувало кобниот викенд на 11 и 12 февруари годинава, кога група од 50-тина планинари тргнале во освојување на планината Ниџе, иако временските услови биле исклучително неповолни.

Лиценцата на Костадиновски му се одзеде поради технички пропусти во организирање на турата, која заврши кобно за двајцата млади планинари, вљубеници во природата. Костадиновски немал лиценца за тури во зимски услови, но „имал големо искуство“, што според Федерацијата го прави компетентен водич на групата.

Претходно Федерацијата на планинарските спортови објави детален извештај од командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан, каде што викендов младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски ги загубија животите. Но, извештајот дава хронологија на настаните, но не и одговори на многу прашања околу загинувањето на двајцата планинари.

Овој извештај само дополнително го зголеми притисокот во јавноста, каде не стивнуваат реакциите и барањето одговори, но и одговорност за тоа што се случило минатиот викенд на Кајмакчалан.

Спонзорирано: