12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Баерн се намачи со Волфсбург

(МИА) – Актуелниот германски првак Баерн Минхен забележа тешка победа од 2:1 на гости кај Волфсбург во 23. коло на Бундеслигата.

Домаќините први дојдоа до предност со голот на Дидави во 8. минута, но Баерн израмни со голот на Вагнер во 64. минута. Претходно, Робен во 55. минута не реализираше пенал за гостите.

Во судиското продолжение беше досуден нов пенал за Баерн, а овојпат Роберт Левандовски во 91. минута погоди за победа од 2:1.

Баерн во вторник го пречекува Бешикташ во Лигата на шампиони.

Во останатите мечеви: Келн – Хановер 1:1, Фрајбург – Вердер 1:0, Хамбургер – Баер Леверкузен 1:2.

Спонзорирано: