14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кенгур претепал тинејџер кој се обидел да го убие

Тинејџер кој ловел кенгури едвај спасил жива глава откако бил нападнат од кенгурот кој се обидувал да го улови.

Џошуа Хајден (19) во вторникот вечерта со својот брат тргнал во лов на кенгури во западна Австралија, но на крај завршил со скршена вилица и затворено око, пишува Дејли Мејл.

Вели дека пукал во два кенгури од автомобил и се навалил низ прозор, кога еден кенгур го нападнал.

Откако еден избегал, Хајден нанишанил друг кенгур но животното успеало да го нападне пред Џошуа да го повлече чкрапалото.

Хајден речиси половина минута бил без свест. Џошуа доживеал тешки повреди на главата и фрактура на вилицата, а моментално се наоѓа во болница.

Спонзорирано: