14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чешка: Нема да ја повлечеме одлуката за признавање на Косово

Откако опозицискиот чешки пратеник побара земјата да ја повлече одлуката за признавање на Косово, Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека тоа нема да се случи.

Пратеникот Јарослав Фолдин, кој поднесе предлог за повлекување на одлуката, најави петиција кон крајот на минатиот месец кога во чешкиот парламент на дневен ред беше ратификацијата на договорот за избегнување двојно оданочување меѓу Чешка и Косово.

„Повлекување одлука за признавање држава во меѓународното право е вонсериски и исклучителен чекор. Во случајот со Косово нема причина за тоа. Исто така, Меѓународниот суд донесе пресуда според која декларацијата за независност на Косово беше во рамките на меѓународното право“, соопшти МНР.