9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Солистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

Македонската филхармонија за 22 февруари во 20 часот го најавува концертот „Вокална магија“, на кој како солист ќе настапи извонредниот бас-баритон од Швајцарија, уметник кој има македонско потекло, Милан Силјанов.

Силјанов, кој е носител на повеќе значајни награди, ќе изведе дел од циклусот песни за глас и оркестар – „Магичната хорна на момчето“ од музичкиот гигант Густав Малер.

Под диригентската палка на миленикот на македонската музичка публика, маестро Емил Табаков од Бугарија, оваа вечер ќе биде изведена и експресивната Шеста симфонија од рускиот композитор Дмитриј Шостакович.

Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија, да се резервираат на тел: 02/3238 182 или да се купат преку веб-страниците www.mktickets.mk и http://www.karti.com.mk.

Спонзорирано: