15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца пилоти загинаа при пад на турски авион за воена обука

Турски авион се урна во провинцијата Измир во западна Турција за време на лет за обука, објавија воени претставници. Во несреќата загинале двајцата пилоти на авионот.

Според соопштението, воздухопловот се урнал набргу по полетувањето од воената база „Цигли“ околу 10 часот по локално време. Пожарникарски тимови и амбулантни возила се веќе на теренот, а екипите за пребарување што е можно побргу пристигнале на местото на несреќата.

Причината за инцидентот сè уште е непозната, а истрагата е во тек.

Спонзорирано: