11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Потребна е синергија меѓу власта и граѓанскиот сектор на патот кон ЕУ

Во рамките на националната трилатерална конференција со наслов „Евроинтеграциите на Македонија и иднината на Европската Унија“, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред невладините организации ја презентира стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година.

„Граѓанскиот сектор претставува нераскинлив дел од изградбата на демократско општество во Република Македонија и ние како Влада веќе создаваме услови за синергија меѓу власта и невладините организации, нешто што секако во иднина планираме и да го интензивираме“, изјавил Османи пред почетокот на конференцијата потенцирајќи ги притоа потенцијалите што ги отвора стратегијата на Европската комисија за зголемување на влијанието на невладините организации врз општествените промени.

Како што информираат од неговиот Кабинет, Османи пред невладините организации ги презентирал клучните области од стратегијата за кои Комисијата има предвидено шест т.н. водечки иницијативи и во кои се содржат детаљни акциски планови преку кои Европската комисија планира директно да се вклучи во подготовката на земјите од Западен Балкан за членство.

„За имплементацијата на акцискиот планови што произлегуваат од овие иницијативи, Унијата предвидува значајно зголемување на сопствениот ангажман и присуство во земјите, но и значајно зголемување на средствата од ИПА наменети за земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја тука и Македонија“, истакнал Османи пред присутните.

Во рамките на презентацијата Османи се осврнал и на потенцијалите на стратегијата за остварување придобивки уште во пристапниот период, особено за бизнис-секторот преку зголемување на средствата за инфраструктура и кредитирање; за младите преку удвојување на средствата до програмата „Еразмус+“ за учење и стекнување искуства во земјите членки на Европската Унија; но и севкупно за сите граѓани преку многуте мерки и иницијативи за поддршка на вработувањето, поддршка за здравството и образованието, укинувањето на роамингот и подобрување на севкупната комуникација итн.

Спонзорирано: