14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во неверување: Маж ја убил сопругата со чекан пред очите на децата, па се фрлил од покривот

Грозоморен случај изутрината ги вознемири жителте на Кочани. Маж со нож, а потоа и со чекан ја убил сопругата пред очите на децата. Потоа се качил на покривот на семејната куќа, од каде што се фрлил. Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на местото каде што утринава се случи убиство и самоубиство.

Семејната драма се случувала утринава околу 3.30 часот. По семејна расправија, Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот, посегнал по чекан и со него ѝ нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26-годишната ќерка и 13-годишното момче, кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседите.

Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент таткото се качил на покривот од семејната куќа и од висина од 6 метри скокнал, при што починал на самото место. По пристигнувањето на екипата на брзата помош, констатирана е смрт кај двете лица.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани извршил увид на самото место заедно со екипа на крим-техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот издадени се наредби за прибирање и вештачење траги од самото место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење обдукција на телата на починатите, информираат од Обвинителството.

Спонзорирано: